ТРГОВЦИТЕ ДА ГИ ПОДГОТВАТ ОНЛАЈН ЦЕНОВНИЦИТЕ Кој се противи ќе плати казна до 10.000 евра

Ценовникот треба да содржи: назив на стока-производ (трговска марка, модел и слично), продажна цена со ДДВ,  единечна цена по килограм, литар, метар, опис на стоката,  достапност во продажен објект,  редовна цена со ДДВ,  промотивна цена или цена на попуст во проценти, вид на промоција, дали е тоа промотивна понуда, пакет за лојалност или сезонски попуст, како и времетраење на промоцијата или попустот.

600

Веќе во четврток трговците кои врши дејност трговија на мало треба да ги имаат подготвено ценовниците за објавување на своите веб-страници, а да можат граѓаните в петок, кога стапува во сила законската обврска за објавување на цените, потсети денеска на прес конференција министерот за економија Бесар Дурмиши.

– Граѓаните сега ќе можат да одберат каде ќе ги трошат нивните пари бидејќи самите ќе можат да видат и да споредат во кој маркет има најниски цени. Ќе бидат подобро информирани за тоа кој производ колку чини кај кој трговец – смета Дурмиши






Тој, како што рече очекува, со оваа мерка во наредниот период дополнително да се намалат цените поради конкуренцијата.

Дурмиши рече дека трговците веќе ги знаат правилата по кои треба да функционираат овие Ценовници и досега нема реакции од нив. Контролата на законската обврска е на пазарниот инспекторат, а казните за трговците се движат до 10.000 евра.

Тој, сепак, потсети кои трговци ја имаат обврската.

– Сите мали средни и големи трговци, односно маркетите кои продаваат основни прехранбени производи, овошје и зеленчук, и трговци кои продаваат средства за хигиена, трговци на мало со бела техника, со играчки, текстилни производи, со градежни материјали, алати и електрични апарати, односно сите трговци кои вршат трговија на мало имаат обврска имаат обврска да ги објавуваат цените. Исклучени од оваа обврска се само микро трговци, односно оние кои вработуваат до 10 лица – рече тој.

Објавените цени треба да бидат достапни без потреба од регистрација или дополнителна најава.

– Ценовникот треба да содржи: назив на стока-производ (трговска марка, модел и слично), продажна цена со ДДВ,  единечна цена по килограм, литар, метар, опис на стоката,  достапност во продажен објект,  редовна цена со ДДВ,  промотивна цена или цена на попуст во проценти, вид на промоција, дали е тоа промотивна понуда, пакет за лојалност или сезонски попуст, како и времетраење на промоцијата или попустот – појасни тој.

Трговците треба да ги ажурираат цените на стоките на дневна основа, односно секој работен ден до 10.00 часот.

-Во случај на ненамерна техничка грешка во ажурирањето на цените на стоките, трговецот треба да ја коригира грешката во рок од 24 часа – рече тој.

Дурмиши рече дека ограничувањето на маржите на основните прехранбени производи и дел од средствата за хигена во март имаше намалување на инфлацијата на годишно ниво која изнесува 2,7%, додека во март месец споредено со февруари е забележана дефлација од -1,3%, според податоците на Државниот завод за статистика.

Владата на предлог на Министерството за економија и труд на почетокот на годината донесе одлука за ограничување на бруто-профитна маржа на 102 групи на основни прехранбени производи, како и Одлука за утврдување на највисоки цени на 8 групи на основни прехранбени производи. Овие две одлуки стапија на сила на 20 февруари и ќе важат до 30 април 2025 година.

Поврзани содржини