ТРГОВЦИ И УГОСТИТЕЛИ НЕ ИЗДАВААТ ФИСКАЛНИ СМЕТКИ Даночните инспектори казнија 66 фирми, а ќе се проверува и колку приходи затаиле
За четири, односно три субјекти од Охрид и еден од Струга, поради повторено неиздавање фискални сметки во рок од две години, изречена е мерка за привремена забрана за вршење дејност (запечатување).
Управата за јавни приходи (УЈП) минатата недела спроведе вкупно 214 теренски контроли за фискализација во повеќе градови.
Со корнторлата, како што информира УЈП, биле опфатени ресторани, кафе барови, шанкови на плажа, слаткарници, колонијали, продавници за облека и накит, хотел, автопревозници, паркинзи и други трговски објекти за продажба на мало.
Од 214 контролирани субјекти, кај 30,8%, односно кај 66 од контролираните се утврдени неправилности согласно Законот за регистрирање на готовински промет.
За утврдените неправилности донесени се 66 прекршочни санкции – глоби, кои ќе бидат одмерени согласно големината на субјектот. За четири, односно три субјекти од Охрид и еден од Струга, поради повторено неиздавање фискални сметки во рок од две години, изречена е мерка за привремена забрана за вршење дејност (запечатување).
УЈП информира дека во Скопје биле извршени 14 контроли и при истите утврдени се 4 неправилности, во Струга, Охрид и Битола имало 126 контроли, а утврдени се 29 неправилности од кои 11 неправилности во Струга и 18 во Охрид додека во Прилеп имало 7 контроли, a утврдени се 3 неправилности. Вкупно 32 контроли имало во Тетово,и Гостивар а утврдени се 14 неправилности од коо 13 во Тетово и една во Гостивар.
Во Штип, Неготино, Демир Капија, Кавадарци Велес и Куманово биле извршени 35 контроли. Во овие контроли биле утврдени 16 неправилности, по една неправилност во Неготино и Кавадарци, 2 во Демир Капија, 3 во Штип, 4 во Велес и 5 неправилности во Куманово.
Управата за јавни приходи најави и дела согласно Закон за регистрирање на готовински плаќања, ќе врши вкрстени проверки со цел да ја провери веродостојноста на искажаните приходи кај даночните обврзници.
-Издавањето фискални сметки и користењето мобилни фискални апарати не претставуваат само законска обврска – туку и клучен чекор кон правично, транспарентно и одговорно деловно опкружување – велат од УЈП.
УЈП апелира сите даночни обврзници да постапуваат совесно и согласно законските прописи, со цел да придонесат кон зајакнување на даночната усогласеност и унапредување на даночната дисциплина во државата.