Во организација на Сојузот на спортови на Скопје и под покровителство на Град Скопје, денеска претпладне во главниот град ќе се одржи 12. издание на „Авицена женска трка“.
Стартот на трката е во 10 часот од булеварот Илинден, во близина на фонтаната „Лотос“, а учесничките ќе трчаат три километри. Пред почетокот, во 9:40 часот, предвидено е загревање со аеробик вежби.
Поради одржување на трката, од 9 до 11 часот ќе има посебен сообраќаен режим на булеварот Илинден.
„И оваа година има голем број пријавени за трката. На сите учеснички им посакуваме среќа“, соопштија организаторите на „Авицена женска трка“.