ТРГНАЛЕ НА СВАДБА СО КАМИОН И ЗАВРШИЈА ВО РЕКА Најмалку 66 луѓе загинаа во несреќата во Етиопија

Не се соопштуваат точните причини за несреќата, ниту пак детали околу неа.

1,220

Најмалку 66 лица загинаа во Етиопија кога камион полн со патници падна во река, соопштија синоќа властите во јужниот регион Сидам.

Се додава дека четири лица се повредени и пренесени во болница.






Несреќата се случила во областа Бона, се вели во соопштението на регионалната канцеларија за комуникации.

– Оние кои преживеаја сега се лекуваат во Општата болница Бона -изјавија оттаму.

Областа се наоѓа на околу 300 километри јужно од главниот град Адис Абеба.

Не се соопштуваат точните причини за несреќата, ниту пак детали околу неа.

Државната телевизија ЕБЦ објави дека патниците патувале на свадба кога се случила несреќата.

Поврзани содржини