📽️ ТРГНА САМ ДА СЕ ТЕПА СО ДЕЛИИТЕ За среќа, реагираа полицајците

Којзнае каква ќе беше ситуацијата ако навивачот Партизан навистина влезеше на северната трибина имајќи предвид дека таму се наоѓаа неколку илјади Делии, но полицијата спречи такво нешто и го приведе.

536

Тотално лудило владее кај навивачите на Партизан оваа сезона што и не е чудо ако се имаат предвид очајните резултати на нивниот омилен клуб кој во моментов е поблиску до зоната за испаѓање отколку до врвот на табелата.

За состојбата во која се наоѓаат, најдобро зборува потегот на еден од нив на вечерашното дерби против Црвена Звезда. Во моменти кога на Звезда ѝ беше досуден пенал од кој гостите дојдоа во водство од 1-0, тој влета на теренот и тргна сам да се тепа со противничките фанови кои се наоѓаа на спротивната страна од стадионот.

 






Којзнае каква ќе беше ситуацијата ако навистина влезеше на северната трибина имајќи предвид дека таму се наоѓаа неколку илјади Делии, но полицијата спречи такво нешто и го приведе навивачот на Партизан.

Поврзани содржини