ТРГНА ПОВОРКАТА СО КОВЧЕГОТ НА КРАЛИЦАТА Луѓето оддаваат почит, во Шкотска засвиреа гајдите (ВИДЕО)

Во годините што доаѓаат моите деца ќе учат за неа и ќе учат за овој момент. Важно е да им покажам дека биле тука, вели извесна Ешли за Би-Би-Си која со својот сопруг и семејство е дел од редиците граѓани кои ја следеа поворката.

1,262

Тргна поворката со ковчегот на кралицата Елизабета која ќе помине над 200 километри низ Обединетот Кралство. Ова беше моментот кога ковчегот го напушти замокот Балморал, известува Би-Би-Си.

Во вториот автомобил зад мртовечката кола е ќерката на кралицата, принцезата Ана, која ќе остане со ковчегот додека тој е преместен прво во Единбург, а потоа во Лондон.

 






Првата министерка на Шкотска Никола Старџен вели дека ова е „тажен и потресен момент“ бидејќи кралицата го напушта „својот сакан Балморал“ за последен пат.

„Денес, додека ковчегот патува до Единбург, Шкотска ќе ѝ оддаде почит на една извонредна жена“, напиша Старџен на Твитер.

 

Во Абердин, толпи почнаа да се собираат во паркот Дути и кај мостот Крал Џорџ VI, именуван по таткото на кралицата. Извесни Ешли и Доналд Вилсон дошле со нивните ќерки, на возраст од три и 11 месеци.

– Во годините што доаѓаат моите деца ќе учат за неа и ќе учат за овој момент. Важно е да им покажам дека биле тука – Ешли за Би-Би-Си.

 

Оттука ковчегот ќе се упати на југ кон Стоунхејвен.

 

Кога ковчегот помина над селото Абојн во Абердиншир го пречекаа збуци од шкотски гајди. Стотици луѓе од сите возрасти поминаа на главната рута низ селото во прекрасното јасно септемвриско утро.

„Сега (кралице, ти) одиш на пат“, се слушаше како едно лице вели додека ковчегот на кралицата минуваше.

Поврзани содржини