Трето место за Плусинфо во категоријата „Вести и информации“ за 2020 година
Групата на „Фејсбук“ - „Ковид-19 искуства и совети“ е прогласена за најдобар сајт за 2020 година, а оваа група исто така е победник и во категоријата фан-страница или група.
Плусинфо.мк на манифестацијата „Сајт на годината“ за 2020 година го освои третото место во категоријата „Вести и информации“.
Победник во ова рангирање беше „fakulteti.mk“, додека на второто место се најде „porta.mk“.
Групата на „Фејсбук“ – „Ковид-19 искуства и совети“ е прогласена за најдобар сајт за 2020 година, а оваа група исто така е победник и во категоријата фан-страница или група.
Во категоријата „Најдобра мобилна апликација“ првото место го освои „Cashback world“, додека за нив се најдоа „Мојот А1“ и „Air Care“.
Сајтот „sezahrana.mk“ е победник во „Храна и здравје“, а второто место отиде во рацете на „moirecepti.mk“, додека третата позиција е за „gotvi.mk“.
Во категоријата „Мода и убавина“ победи „elive.mk“, второто место е за сајтот „irinatosheva.com“, „fashiongroup.com.mk“ се најде на третата позиција.
Првото место во категоријата „Автомобилизам“ е за „mkformula1.blog.com“, krug.mk се најде на втората позиција, а „avtomagazin.com.mk“ на третото место.
Во „Туризам и угостителство“ победник е „impala.com.mk“, второ место за „patokolusvetot.mk“, а „llgourmet.mk“ се најде на третата позиција.
Триумф во „Финсиски услуги, банкарство и осигурување“ на „ohridskabanka.mk“, slikroadbank.com.mk се најде на второто, а пак „ѕparkasse.mk“ на третото место.
Во категоријата „ИТ и електроника“ на третото место се најде „smartportal.mk“, втората позиција е за „emiter.com.mk“, додека за победник е прогласен „neptun.mk“.
Првото место во „Најдобра фејсбук фан страна или група“ е за „Ковид-19, Искуства и совети“, второто место го поделија „донирај компјутер-Борче Стаменов“ и „Здрава храна МК верзија“ , третото место е за „Бифе Тафталиџе“.
Меѓу сајтовите на невладините огранизации, третото место беше за „nextgeneration.com.mk“, второто е за „borka.org.mk“, a победник во оваа категорија е „msmakedonija.eu.org“.
Во категоријата најдобар сајт на „Владини или државни институции“ првото место е за „nationalgallery.mk“, на втората позиција е krivapalanka.gov.mk, а пак „karpos.gov.mk“ се најде на третото место.
Третото место во „Образование, наука и култура“ е за „msu.edu.mk“, „fakulteti.mk“ се најде на втората позиција, а победник во категоријата е „ykc.edu.mk“.
Во категоријата „Е-трговија и огласи“ победи „vrabotuvanje.com.mk“, а на второто место се најде „cashbackworld.com“, додека трет беше „rakupen.mk“.
Најдобар „Корпоративен“ сајт за оваа година е „mchamber.mk“, на второто место му припадна на „a1.mk“, а пак на третата позиција се најде „unet.com.mk“.
Во категоријата „Мобилен сајт“ победи „cashbackworld.com“, второто место отиде во рацете на „serafimov.mk“, додека на третата позиција се најде „iqos.com“.
Во најдобар „блог“ првото место беше за „blog.literatura.mk“, во оваа категорија втор беше „fashiongroup.com.mk/blog“, а пак третото место отиде во рацете на „sezahrana.mk“.
Првото место во категоријата „Најдобар спортски сајт“ е за „sportmedia.mk“, втор е „gol.mk“, а на третото место се најде „ekipa.mk“.
Во категоријата „Забава“ третото место беше за „cinesqare.net“, втората позиција е за „gg.mk“, а пак победник во оваа категорија е „crnobelo.com.mk“.
Mанифестацијата „Сајт на годината“ е во организација на „Media Solutions“ и системот за онлајн-реклами „keepaneye.mk“. Има цел да ги промовира, развива и поддржува интернет-медиумите и севкупното интернет издаваштво во Македонија. Мисијата на оваа манифестација е да го подигне нивото на електронскиот медиумски простор во Македонија преку препознавање и наградување на најдобрите остварувања од разни области на електронското издаваштво и развој на интернет-културата во Македонија.