Третманот на Астразенека со антитела против ковид-19 не успеа!
Третманот со лекот AZD7442 го намали ризикот од развој на ковид 19 за 33 отсто во споредба со плацебо ефектот, што не е доволно статистички значајно, соопштија од Астразенека.
Англо-шведскиот производител на лекови Астразенека во вторникот соопшти дека студијата за нејзиниот третман со моноклонски антитела, наречен AZD7442, не ја исполнил главната цел да се спречи ковид-19 кај луѓе кои до неодамна биле изложени на коронавирус.
Компанијата соопшти дека учесниците во студијата биле невакцинирани возрасни лица над 18 години, кои биле изложени контакт со лица со коронавирус во изминатите осум дена.
Третманот со лекот AZD7442 го намали ризикот од развој на ковид-19 за 33 отсто во споредба со плацебо ефектот, што не е доволно статистички значајно, соопшти компанијата.
– Иако оваа студија не ја достигна својата цел да стави точка на симптоматските болести, ние сме охрабрени од заштитата што се гледа кај негативните учесници во ПЦР по третманот со AZD7442 – рече Мене Пангалос, извршен потпретседател на Астразенека.
Терапијата со моноклонски антитела спаѓа во класата на лекови кои имитираат природни антитела што ги произведува телото за борба против инфекцијата. Во САД, ривалите Regeneron Pharmaceuticals Inc. и Eli Lilly & Co. развија терапија со моноклонски антитела кои се одобрени за лекување на пациенти заразени со ковид-19. Во ЕУ пак, eвропската агенција за лекови (ЕМА) ја одобри терапијата со Регенерон, а во моментот се испитуваат и слични лекови.
Лекот AZD7442 е развиен со поддршка на американската влада. Во март, Астразенека објави договор со американската влада за испорака на половина милион дози. Компанијата сега преговара со американската влада во врска со следните чекори од договорот.