Третиот тест потврдил – мајката и бебето се позитивни, одат во домашна изолација
Бебето и мајката се со добра клиничка слика, немаат симптоми на ковид-19 и денес ќе бидат испишани од Клиниката по што ќе останат во домашна изолација.
Третиот брис и на родилката и на бебето е позитивен на ковид-19, потврдија од Клиниката за гинекологија.
Бебето и мајката се со добра клиничка слика, немаат симптоми на ковид-19 и денес ќе бидат испишани од Клиниката по што ќе останат во домашна изолација.
Од Клиниката велат дека имало контакт мајка-бебе со комплетна заштита, но дека не било започнато доење. Засега не се знае како бебето се заразило, а мајката имала негативна епидемиолошка анкета.
Кај бебето сите три теста биле позитивни, додека кај мајката првиот тест бил двојбен – позитивен само на еден од двата антигена, вториот негативен, а третиот позитивен.
Пациентката е 36-годишна и на 24 септември е спонтано породена во одделот за изолација на ГАК, поради брзиот ПЦР тест кој се покажал двојбен. По вториот нејзин тест кој бил негативен, направен во Институтот за јавно здравје, таа е пренесена во изолација на друг оддел поради нејзината хронична болест – хепатит Б.