ТРЕТА ГРУПА МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ЕВАКУИРАНИ ОД БЛИСКИОТ ИСТОК Со специјален лет пристигнаа 151 патник

Како што објави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, патниците претходно со организиран превоз биле транспортирани до Ријад, од каде што со специјален лет безбедно го напуштиле регионот.

2

На Меѓународниот аеродром во Приштина синоќа пристигна третиот организиран лет со патници кои беа успешно евакуирани од Катар, Кувајт, Кралството Саудиска Арабија и Кралството Бахреин.

Како што објави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, патниците претходно со организиран превоз биле транспортирани до Ријад, од каде што со специјален лет безбедно го напуштиле регионот.






– Во авионот имаше 151 патници, од кои 109 македонски државјани, како и државјани на повеќе други земји. Евакуацијата беше реализирана врз основа на претходно утврден план и во координација со надлежните институции, се наведува во објавата на Муцунски на Фејсбук.

Тој додава дека безбедноста на македонските граѓани останува наш највисок приоритет и оти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и понатаму останува на располагање на сите наши државјани кои имаат потреба од поддршка во погодените региони.

 

 

Поврзани содржини