ТРЕТА ДОЗА ЗА НАЈРАНЛИВИТЕ ИТАЛИЈАНЦИ Земјата одобри, ќе се дава шест месеци по втората

И додека Македонија чека светот и официјално да процени што и како со третото боцкање, некои земји веќе презедоа мерки. Во соседна Србија, третата доза ќе им биде достапна и на граѓаните на Македонија, а прашањето дали и кога останува отворено. Со трета доза веќе се боцкаат Израел и други богати земји во светот, а СЗО неодамна предупреди дека дози за сиромашните земји можеби нема да останат ако сè се истроши сега.

262

Третата доза ќе можат да ја примат сите Италијанци над 80 години, оние со ослабен имунитет, жителите на домовите за стари лица 28 дена по втората доза, пишува Н1. Трет „бустер шот“ ќе можат да примат и здравствените работници во земјата, но со поминати шест месеци од второто боцкање.

И додека Македонија чека светот и официјално да процени што и како со третото боцкање, некои земји веќе презедоа мерки. Во соседна Србија, третата доза веројатно ќе им биде достапна и на граѓаните на Македонија, а прашањето дали и кога останува отворено. Со трета доза веќе се боцкаат Израел и други богати земји во светот, а СЗО неодамна предупреди дека дози за сиромашните земји можеби нема да останат ако сè се истроши сега.






Многу имунолози и истражувања во последно време наведуваат за рокот на траење на вакцините и втората доза, и повеќето го наведуваат периодот од шест месеци за некој минимум. ПлусИнфо неодамна пишуваше и зошто испитувањето на антителата не е најдобриот начин да процените дали ви треба третата доза.

Во Италија, тоа веќе го реши тамошната агенција за лекови АИФА. Шест месеци за оние со силен имунитет, а 28 дена (4 недели) за сите ранливи и со слаб имунитет.

Поврзани содржини