Трета доза вакцина секоја година за најризичните групи, најавува СЗО

Што се однесува до општата популација, се проценува дека ќе треба дополнителна доза на секои две години.

218

Светската здравствена организација предвидува дека најранливата популација кога станува збор за коронавирусот, како што се постарите лица, ќе треба да прими дополнителна доза на вакцина секоја година за да добијат заштита од сите соеви, се вели во внатрешен документ во кој имале увид западни агенции.

Што се однесува до општата популација, се проценува дека ќе треба дополнителна доза на секои две години.






Таа процена е вклучена во извештајот што треба да се дискутира на состанокот на Глобалната алијанса за вакцини (ГАВИ), што управува со програмата на СЗО, Ковакс.

Не е наведено како е донесен тој заклучок, но според основното сценарио, нови варијанти на вирусот ќе продолжат да се појавуваат и вакцините ќе треба редовно да се унапредуваат.

Поврзани содржини