ТРЕТА ДОЗА ПРИМИЛЕ 48.087 ГРАЃАНИ Ревакцинирани се 46 отсто од полнолетните

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години

189

Во првите два дена од неделава аплицирани се вкупно 8.518 дози вакцини, од кои 1.883 се аплицирани како прва доза, 1.938 се ревакцинирани, а 4 700 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 9 ноември вкупно се вакцинирани 811 226 граѓани, ревакцинирани се 782.460, а трета доза примиле 48 087 граѓани, соопшти денеска Министерството за здравство.

Педесет и четири отсто од граѓаните над 40 – годишна возраст, како што се посочува, се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.






Опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 37 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина, информираат од Министерството за здравство.

Поврзани содржини