ТРЕТА ДОЗА „АСТРАЗЕНЕКА“ ПРОТИВ ОМИКРОН Создава повеќе антитела од прележаност
Студијата, која допрва треба да биде објавена во медицинско списание, покажа дека нивоата на антитела против Омикрон по засилената доза се значително повисоки отколку кај луѓето кои биле прележале ковид.
Три дози од вакцината на „АстраЗенека“ се ефикасни против сојот Омикрон објави денеска фармацевтската компанија, повикувајќи се на податоци од лабораториска студија на Универзитетот Оксфорд.
Студијата, која допрва треба да биде објавена во медицинско списание, покажа дека нивоата на антитела против Омикрон по засилената доза се значително повисоки отколку кај луѓето кои биле прележале ковид.
По три дози „АстраЗенека“ нивото на неутрализирачки тела против Омикрон е слично на она што се создава против Делта по две дози, соопшти компанијата.