ТРЕТ ПАТ СЕ АСФАЛТИРА И КОПА СКОПСКАТА УЛИЦА КОЗАРА Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат зошто Герасимовски досега не си дал оставка
Центарци заслужуваат одговор дали Герасимовски е крајно неспособен, па ќе ја асфалтира Козара и по четврт пат или лукративни зделки и криминален менаџмент на парите на општината се причина што една иста улица е потребно да се асфалтира годишно?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагира на случајот со улицата Козара во скопската населба Капиштец која според нив, се асфалтира по трет пат.
Во продолжение ја пренесуваме нивната реакција:
„Улица Козара е вистински пример за неспособноста на Герасимовски. Неспособните кадри на СДС потрошија илјадници евра, за да мораат и по трет пат во неколку години да го корнат асфалтот на Козара, а жителите да се гушат во прашина и во грдата глетка на раскопаната улица која никако да се направи.
Нејасно е како градоначалникот сè уште не си дал оставка, кога не е способен правилно да асфалтира ни стотина метри пат.
Центарци заслужуваат одговор дали Герасимовски е крајно неспособен, па ќе ја асфалтира Козара и по четврт пат или лукративни зделки и криминален менаџмент на парите на општината се причина што една иста улица е потребно да се асфалтира годишно?“