ТРЕТ МЕДАЛ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ КАРАТИСТИ ОД ЕВРОПСКАТА УНИВЕРЗИЈАДА Викторија Јовановска освои бронза
Мила Панчева несреќно ја загуби борбата со Романката Анисија Андреи по судиска одлука (0:0), додека, пак, Петар Заборски и Јована Мицовска досега имаат освоено 2 финалиња, една бронза и две петти места.
Македонија обезбеди уште еден медал на Европскиот универзитетски шампионат во боречки спортови во карате во Варшава, Полска, известуваат од Универзитетската карате репрезентација на Македонија.
Вториот ден од Европската универзијада во Варшава, Викторија Јовановска од Факултетот за туризам и КК Макпетрол освои бронзен медал, а Јована Мицовска од „Свети Кирил и Методиј“ и од „Макпетрол“ е петта, не успеа во обидите за финале и за бронза.
За жал, и Мила Панчева несреќно не го продолжи подедничкиот од бидејќи борбата со Романката Анисија Андреи заврши 0-0, па судиите го одлучија победникот.
Досегашниот биланс од усешните настапи е 2 финалиња, една бронза и 2 петти места за Петар Заборски и за Јована Мицовска.
Утре Ангела Мојсовска од „Св Кирил и Методиј“ и Љупче Михајлов од „Гоце Делчев“ ќе се борат за златни медали.