Трет ден од историското судење против Трамп во Сенатот (ВИДЕО)

Вчера на судењето беа прикажани нови, досега невидени, снимки од бунтот. Едно видео го покажува сенаторот Мит Ромни како трча додека полицијата го предупредува на толпата која надоаѓа.

295

Демократските лидери кои ја водат постапката на отповикување треба да ги заклучат своите излагања во врска со тоа дека Трамп поттикнал бунт во Капитол на 6 јануари. Демократите имаат 8 часа за нивно излагање.

Тимот за одбрана на Трамп ќе го започне своето излагање утре.






Вчера на судењето беа прикажани нови, досега невидени, снимки од бунтот. Едно видео го покажува сенаторот Мит Ромни како трча додека полицијата го предупредува на толпата која надоаѓа.

Мајк Пенс беше скриен веднаш до главната просторија во Сенатот, а спикерот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси беше веднаш евакуирана.

– Толпата активно ја бараше Пелоси и јавно ја искажа својата намера да ја повреди или убие, изврши претрес во нејзината канцеларија и го тероризираше нејзиниот персонал – тоа го сторија затоа што Доналд Трамп ги испрати во „мисија“ – рече лидерот на Долниот дом Стејси Пласкет за „CNN“.

За Трамп да биде прогласен за виновен, 17 републиканци ќе мора да се свртат против нивниот поранешен претседател.

Поврзани содржини