ТРЕТ АКТИВИСТ НА СДСМ ФАТЕН СО КОКАИН Петрушевски прашува дали партијата се претвори во здружение на наркодилери

Пратеникот Бране Петрушевски оцени дека СДСМ станала партија која, наместо да се бори против криминалот, станала негова заштита.

1,449

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска на прес-конференција обвини дека владејачката партија СДСМ молчи за, како што рече, третиот партиски активист фатен со дрога во последните неколку месеци.

– Во што се претвори СДС? Здружение на наркодилери и конзументи? Или нивен заштитник? – праша Петрушевски.






Тој информираше дека пред три дена Слаѓан Марковски од Гостивар, активист на СДСМ, бил фатен со 12 пакувања кокаин и поголема сума пари во кеш. Според Петрушевски, ова е трет случај за краток период, по претходно приведените Јон Фрчкоски и Андон Стојков.

– Дали СДС и Венко Филипче ќе се откажат од Слаѓан Марковски или ќе се кријат како што се криеја за Андон Стојков? – додаде тој.

Петрушевски оцени дека СДСМ станала партија која, наместо да се бори против криминалот, станала негова заштита.

– Венко Филипче има шанса и денес да се откаже од наркодилерите во неговите редови. Ако тоа не го стори, повеќе од јасно е дека нема интерес од тоа, и дека интересот се крие во нешто друго – порача Петрушевски.

Поврзани содржини