Тренерот се занесе и го искрши од ќотек ученикот (ВИДЕО)
Малтретирањето на детето престана кога една повозрасна личност влезе во рингот и го прекина „спарингот“ кој беше сè, само не во духот на спортот.
Нема кој не остана во шок по најновиот спортски скандал. Имено, египетскиот тренер за боречки вештини, Капт Хелал, се пофалил на социјалните мрежи со снимка на која се гледа како во рингот тепа еден свој малолетен ученик.
На видеото се гледа несреќното момче кое постојано добива силни удари во главата, а неговите другарчиња го следат натпреварот и неговото страдање испоседнати околу рингот.
Малтретирањето на детето престана кога една повозрасна личност влезе во рингот и го прекина „спарингот“ кој беше сè, само не во духот на спортот.
fucking hell 😡 pic.twitter.com/p4VFwA1TfZ
— Steven Connor™ (@BomberConnor) September 11, 2020