ТРЕНЕРОТ НА ЈУНАЈТЕД ПРАВИ ЧИСТКА Кавани, Марсијал и Погба не се вклопуваат во проектот на Рангник
Според „Дејли мирор“, напаѓачите Ентони Марсијал и Единсон Кавани, како и играчот од средниот ред Пол Погба, не се вклопуваат во проектот на германскиот фудбалски стручњак.
Тренерот на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник е подготвен да продаде тројца играчи во зимскиот преоден рок.
Според „Дејли мирор“, напаѓачите Ентони Марсијал и Единсон Кавани, како и играчот од средниот ред Пол Погба, не се вклопуваат во проектот на германскиот фудбалски стручњак.
Дваесет и осумгодишниот Погба оваа сезона одигра девет натпревари во Премиер лигата за Манчестер јунајтед и имаше седум асистенции.
Марсијал(26) во првенството на Англија одигра седум натпревари и постигна еден гол.
Триесет и четиригодишниот Кавани одигра девет натпревари за Манчестер јунајтед и постигна два гола.