Тренерот на Реал Мадрид не сака Меси да ја напушти Барселона

Не знам што ќе се случи, но се надевам дека нема да се случи, бидејќи тој е во овој шампионат и ние го сакаме најдоброто за Лигата - вели Зидан.

402

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, призна дека сака суперѕвездата на Барселона, Лионел Меси, да остане во Ла Лига, откако се појавија информации дека Аргентинецот сака да ги напушти Каталонците.

Меси има договор до летото 2021 година, но според различни извори, шесткратниот освојувач на „Златната топка“ размислува за евентуална разделба со Барса. По средбата на „белите“ со Хетафе, во која победија момчињата на Зидан со 1:0, Французинот беше запрашан за овие шпекулации.






– Не знам што ќе се случи, но се надевам дека нема да се случи, бидејќи тој е во овој шампионат и ние го сакаме најдоброто за Лигата – вели Зидан.

Поврзани содржини