Тренерот на Манчестер Јунајтед го пецна Мурињо за стативите во Скопје
По натпреварот против Брајтон, кој Манчестер Јунајтед го доби со 2:3, тренерот Солскјер даде интересен коментар во кој го вметна и тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, за она што се случуваше на стадионот во Скопје пред натпреварот со Шкендија.
„Освоивме три бода, а можеби заслуживме само еден, не заслуживме повеќе. Карактерот наш заслужи повеќе од еден бод. Но мора да му заблагодариме и на Жозе Мурињо што не е тука, инаку ќе имавме проблеми со головите и димензиите“, истакна Солскјер, алудирајки дека доколку головите биле повисоки како што Мурињо побара во Скопје, 4 или 5-те стативи и пречки кои ги имаше Брајтон, по автоматизам ќе беа голови.