Тренерот на Георгиевски не ја сака премијата од Владата, побара парите да бидат за Дејан
Тренерот Костовски за откажувањето од паремијата наменета за него вели дека таа целата треба да биде пренаменета за вистинскиот херој, а тоа е освојувачот на историскиот сребрен медал.
Откако Владата донесе едногласна одлука за еднократно доделување премии за Дејан Георгиевски и неговиот тренер Дарко Костовски, учителот на нашиот олимпијец, објави дека се откажува од својата парична награда.
Тренерот Костовски за откажувањето од паремијата наменета за него вели дека таа целата треба да биде пренаменета за вистинскиот херој, а тоа е освојувачот на историскиот сребрен медал.
– Мојот брат д-р Борче Костовски и јас како тренери на олимпискиот сребрен медалист Дејан Георгиевски, апсолутно се откажуваме од премијата што е доделена за нас, секако таа целосно треба да биде насочена кон олимпискиот вицешампион, новата македонска гордост! За нас како тренери во овие моменти доволен е олимпискиот историски сребрен медал (СО ЗЛАТЕН ОТСЈАЈ), – напиша Костовски на својот Фејсбук профил.
Инаку за потсетување, на 92 седница беше донесена одлука олимпискиот вицешампион да добие 30.000 евра од Владата и Агенцијата за млади и спорт, додека 10.000 евра беа наменети за неговиот тренер Костовски.