Трендо e можен кандидат за градоначалник на Центар

Неофицијално, тој е помеѓу кандидатите кои имале највисок рејтинг меѓу потенцијалните кандидати за градоначалници кои ги правела опозициската ВМРО ДПМНЕ.  

5,922

Водителот Сашо Мацановски Трендо најверојатно ќе влезе во изборот  за градоначалник на Општина Центар на претстојните локални избори, како кандидат на опозициската ВМРО-ДПМНЕ објави Скопје инфо.

Неофицијално тој е помеѓу кандидатите кои имале највисок рејтинг помеѓу потенцијалните кандидати за градоначалници кои ги правела опозициската ВМРО ДПМНЕ.






Освен Трендо, како потенцијален кандидат за оваа позиција се споменува и доктор – специјалист кој високо котира во опозициските партиски редови.

Извори од партијата брифираат дека ВМРО ДПМНЕ сериозно размислува на локалните избори да излезе со непартиски кандидат кои би ги освоил гласовите на неопределените гласачи во Центар

Мацановски сѐ уште не ја коментира оваа неофицијална најава.

 

 

Поврзани содржини