ТРЕГЕДИЈА ВО ГОСТИВАР Четиримесечно бебе е донесено починато во болница
Неофицијално, бебето било предвреме родено и било пуштено дома во добра здравствена состојба. Причините за смртта ќе се утврдат со обдукција.
Четиримесечно бебе од Гостивар е донесено починато во Медицинскиот центар во Гостивар со Брза помош, соопшти СВР Тетово.
Случајот е пријавен на дежурен јавен обвинител од ОЈО Гостивар, а други официјални детали за инцидентот засега нема.
Неофицијално, бебето било предвреме родено и било пуштено дома во добра здравствена состојба. Причините за смртта ќе се утврдат со обдукција.