ТРЕБАШЕ ДА ЗАВРШАМ КАКО ПРОСТИТУТКА ИЛИ КАКО ЗАВИСНИЧКА ОД ДРОГА Пејачката шокираше со изјавата
Алиша Кис пред две години во искреното интервју за „Гардијан“ проговори за својот живот и кариера, а нејзините зборови дека можела да заврши како проститутка предизвикаа голема бура во јавноста.
Славната пејачката Алиша Кис во текот на својата успешна музичка кариера се закити дури со 15 Греми-награди, продаде 35 милиони албуми и 30 милиони синглови, во приватниот живот е горда мајка на две деца, а по повод прославата на 41-от роденден, се потсети дека во нејзиниот живот отсекогаш не ѝ течеле мед и млеко.
„Роденден ми е! Толку многу сум благодарна што сум жива! Ѝ благодарам на секоја личност што синоќа ме изненади, правејќи заговор со мојот маестралнен изненадувач. Толку многу ме изненадивте! Испраќам голема љубов за секоја роденденска желба и молитва и целата прекрасна енергија која ми ја испративте досега! Чувствувам сè! Вчера цел ден немав поим што се случува или што следува. Сега навистина не знам што да очекувам! Знам едно, ја славам секоја секунда, бидејќи животот е скапоцен за да губиме време. Ве обожавам“, напишала пејачката во описот на фотографијата, на која пред неколку дена ѝ излезе седмиот студиски албум.
Алиша Кис пред две години во искреното интервју за „Гардијан“ проговори за својот живот и кариера, а нејзините зборови дека можела да заврши како проститутка предизвикаа голема бура во јавноста.
– Во времето кога почнав да ја лансирам мојата музика во светот, тоа воопшто не беше тренд. Сите радиостаници мислеа дека сум 40-годишна џез-пејачка, но всушност имав 19 години, носев коњски опавчиња и доаѓам од Харлем – изјавила Алиша.
Сепак, таа се „проби“ во 2001 година изведувајќи ја песната „Fallin“ во шоуто на Опра Винфри.
Зборувајќи за песната „Underdog“, американската пејачка признала дека можела да заврши како некоја друга Афроамериканка од нејзиниот крај во тоа време – како проститутка или зависничка од дрога.
„Underdog“ е песна од нејзиниот нов албум на кој работеше во соработка со Ед Ширан и во која испраќа поддршка до сите оние кои сонуваат за подобар живот.
– Јас сум личноста од песната, таа која не требаше да успее да избега од околината, која требаше да заврши како проститутка, млада мајка на 16 години или зависничка од дрога. Јас сум таа што можев да се најдам на погрешно место во погрешно време и да бидам повредена или убиена. Што е сепак сон? Сонот е луксуз, ако треба да ги платите сите тие сметки и да ставите храна на масата за вашите деца. Значи, разбирам колку сила е потребна за да се оди по својот пат. Затоа моите песни им даваат сила на другите. Напишав многу во најлошите моменти од мојот живот – истакна Алиша и допрела многу луѓе ширум светот, особено до жените.