ТРЕБАЛО ДА ОДМАРА 20-30 ДЕНА ПО ОПЕРИРАНИОТ ТЕСТИС Газдата на „Дурмо турс“ пак бара да му се одложи одењето во „Идризово“

Судот ќе побара дополнителна изјава од докторот што го оперирал Белули, додека второобвинетиот во случајот и натаму е во бегство

338

Дурмиш Белули, сопственикот на гостиварската транспортна компанија „Дурмо турс“, осуден на десет години затвор за автобуската трагедија кај Ласкарци во која загинаа 16 лица, повторно побара одложување на издржувањето на казната во КПУ „Идризово“, повикувајќи се на здравствени причини.

Барањето било доставено до Основниот суд во Гостивар заедно со лекарски извештај од доктор-специјалист, во кој се наведува дека по оперативен зафат извршен на 1 декември, на Белули му е потребно постоперативно мирување во траење од најмалку 20 до 30 дена.






Судијата Ќирко Михајлоски за „Телма“ изјави дека судот дополнително ќе побара мислење и изјава од докторот кој ја извршил операцијата во тетовската болница, по што ќе донесе одлука пред истекот на рокот. Според судската одлука, Белули требаше денеска до 15 часот да се јави во затворот „Идризово“ на издржување на казната.

Паралелно со ова, второобвинетиот во предметот, Ремзи Мифтари, шеф на возниот парк во „Дурмо турс“, и натаму е во бегство. Тој не се појави во затворот за издржување на десетгодишната затворска казна, поради што по него е распишана потерница.

И Мифтари претходно побара одложување на издржувањето на казната, исто така повикувајќи се на оперативен зафат, но по истекот на рокот не се појави во затвор, по што институциите го прогласија за недостапен за органите на прогонот.

Случајот со трагедијата кај Ласкарци и натаму предизвикува силни реакции во јавноста, особено поради повторливите одложувања и избегнувањето на издржување на правосилно изречените казни.

ТЕСТИСОТ ПАК ГО СПАСУВА ОД ИДРИЗОВО Газдата на „Дурмо турс“ ја одложи десетгодишната казна до 17 декември

Поврзани содржини