📷 Ѝ ТРЕБА ПОМОШ Се појавија нови фотки од Анџелина Џоли, фановите се загрижени

Иако редакцијата на Дејли меил напиша дека таа изгледа елегантно, обожавателите на Анџелина Џоли не се согласуваат со тоа.

1,456

Обожавателите на Анџелина Џоли се загрижени за здравјето на актерката откако на интернет се појавија нови нејзини фотографии. Коментарите и фотографиите беа објавени на порталот Дејли Меил.

49-годишната Анџелина Џоли беше „уловена“ од папараците на 19 октомври во Лондон. Актерката е фотографирана во близина на хотелот Хам Јард. Славната личност излезе во јавност во проѕирна бела блуза, над која облече темно сива наметка во комбинација со црни чизми.






Иако редакцијата на Дејли меил напиша дека таа изгледа елегантно, обожавателите на актерката не се согласуваат со тоа.

Читателите на Дејли Меил пишуваат дека актерката изгледа болно.

„Не се обидувам да бидам груб, но дали е болна? Или има многу активен метаболизам, што ѝ го отежнува зголемувањето на килограмите и мускулите? Искрено се надевам дека е добро бидејќи нејзиното лице во последно време изгледа навистина слабо!“ „Очигледно цел живот се бори со анорексија. Тажно. Изгледа дека ѝ е потребна помош“, гласат само дел од бројните коментари на интернет корисниците.

Погледнете ги фотографиите – ТУКА. 

Поврзани содржини