ТРЕБА ЛИ ФЕЈСБУК ДА ГИ ШИФРИРА НАШИТЕ ПОРАКИ? Родителите се против, бараат увид во муабетите на децата
Ова се нарекува „крај до крај“ енкрипција. Накратко, тоа значи дека никој од надвор, освен учесниците во разговорот или повикот, не може да пристапи или да ги прочита на пат од уред до уред.
Треба ли да им се дозволи на Фејсбук и на Инстаграм да ги шифрираат пораките кои ги праќаме во нашиот месенџер за никој друг да не може да ги види или злоупотреби? Очигледно компанијата веќе го планира тоа, но многу родители се спротивставиле: тие сакаат да имаат пристап до тоа што „си куцкаат“ нивните тинејџери за да спречат да се повторат 69-те милиони слики од злоупотреба на деца кои протекоа лани и да ѝ помогнат на полицијата која на овој начин, преку следење пораки, ги лови криминалците, пишува Мондо.
По барањата на корисниците, Фејсбук неодамна објави дека целосно ќе ја криптира платформата Месинџер, како и Инстаграм Директна комуникација, додека Ватсап долго време ја имаа оваа енкрипција. Ја нарекуваат „крај до крај“ енкрипција. Накратко, тоа значи дека никој од надвор, освен учесниците во разговорот или повикот, не може да пристапи или да ги прочита на пат од уред до уред.
Но, се чини, има и друга страна на паричката.
Скоро 94 отсто од сликите за малтретирани деца доаѓаат од Фејсбук
Американските технолошки компании дале 16,9 милиони препораки до Националниот центар за исчезнати и експлоатирани деца (NCMEC) во 2020 година, вклучувајќи 69 милиони слики од злоупотреба на деца – 50% повеќе отколку во 2019 година. Околу 94 отсто од извештаите, кои ги вклучуваат најлошите категории слики на малтретирани деца, доаѓаат од мрежата Фејсбук, соопштија претставници на Министерството за внатрешни работи.
На другиот крај на светот, во Британија, Националната агенција за криминал (НЦА) предупреди дека бројот на вакви препораки и подоцнежни интервенции против насилниците може да падне на нула, доколку Фејсбук продолжи со воведување енкрипција од „крај до крај“.

Преку следење на пораките биле уапсени над 4.500 насилници
Роберт Џонс, директорот на НЦА и одговорен за борба против сексуалната злоупотреба на деца, за планот на Фејсбук изјави:
„Светлата се гасат, вратата се затвора и ги губиме сите тие податоци. Тоа е толку едноставно. И ништо, знаете дека се потпираме на најдобрата техничка експертиза … во Обединетото Кралство, истите луѓе кои го штитат Обединетото Кралство од терористи, непријателски држави, сајбер напади, сега ни велат дека не постои одржлива алтернатива. Јас им верувам, но јас сум длабоко загрижен“.
Според стручните служби, се верува дека само во Велика Британија има 300.000 луѓе кои претставуваат директна опасност за децата, а минатата година се напишани 86.832 извештаи, од кои 52 отсто се од Фејсбук мрежата и 11 отсто од Инстаграм. Роберт Џонс посочува дека тоа доведе до апсење на повеќе од 4.500 насилници и дека поради тоа биле спасени над 6.000 деца.
– Предложениот модел за шифрирање од „крај до крај“ го прави неупотреблив еден од најуспешните начини да се идентификуваат потенцијалните измамници, што дополнително ги отежнува нашите истраги, нашите дигитални медиуми, нашата дигитална форензика, профилирањето на осомничените и нашите „живи податоци“, што ни овозможува да ги идентификуваме жртвите и да ги заштитиме. Она што го ризикуваме со губење на овие промени е содржината која нам ни дава разузнавачки информации за да се казнат тие престапници и да се спасат тие деца – додава тој.
Фејсбук не попушта – ќе има шифрирање од „крај до крај“
Заедно со Велика Британија, постојат САД, Австралија, Нов Зеланд, Канада, Индија и Јапонија – чие население претставува приближно една петтина од двете милијарди глобални корисници на Фејсбук мрежата – и сите заедно ги повикуваат технолошките компании да го обезбедат шифрирањето за да не бидат слепи за криминалот на нивните платформи.
Фејсбук одговори на овој повик и објавата на споменатите земји, но не одговори јасно дали ќе постојат механизми што ќе овозможат вакво нешто, што сега се бара од нив.
„Долго се расправаме дека шифрирањето од „крај до крај“ е неопходно за да се заштитат приватните податоци на луѓето. И во сите овие земји, луѓето претпочитаат шифрирани пораки од „крај до крај“ во различни апликации, бидејќи системот ги чува нивните пораки безбедни од хакери, криминалци и странско мешање. Фејсбук беше водач во индустријата за развој на нови начини за спречување, откривање и одговор на злоупотребите, со одржување на висока безбедност и ние ќе продолжиме да го правиме тоа“, им одговорил портпаролот на Фејсбук на службениците од овие пет земји во светот.