„ТРЕБА ДА СПИЕШ, ПРИЈАТЕЛЕ…“ Новак Ѓоковиќ во Франција има голем обожавател

9-годишното момче Том е еден од најголемите обижаватели на Новак Ѓоковиќ, го следи на многу негови настапи, а го бодреше и на последниот маратонскиот меч на Ролан Гарос.

1,571

Новак Ѓоковиќ има голем број обожаватели ширум светот, еден од најверните негови фанови е 9-годишното момче Том. Во Париз за време на Ролан Гарос, Том го привлече вниманието на јавноста по една интеракци со Ѓоковиќ во ноќта меѓу саботата и неделата на маратонскиот полноќен дуел на Србинот против Музети.

Новак е идол на Том долго време. Тие првпат се сретнале во 2021 година, кога Ѓоковиќ беше подобар од Стефанос Циципас во финалето на Ролан Гарос. Том тогаш имал 7  години и бил воодушевен од српскиот тенисер. Оттогаш го следи на многу негови настапи.






– Ме погледна неколку пати во текот на натпреварот и ми се насмевна, ми покажа дека ја препознава мојата поддршка. Потоа ме повика на својата клупа и ми го даде својот пешкир и ме зеде во раце. Тоа беше лудо. Татко ми еднаш ме одведе да го гледам Новак во Монте Карло и трој ме препозна. Го следам секогаш кога е можно – вели младиот обожавател на Ѓоковиќ.

Том беше присутен и на антологискиот меч средба меѓу  Новак Ѓоковиќ и Лоренцо Музети на Ролан Гарос.

– Беше 4:4 во првиот сет кога Новак ме погледна право во очи и ја крена тупаницата. Знаев дека ме препозна. Кога Музети ги освои вториот и третиот сет, бев навистина загрижен. Сепак, во ниту еден момент не престанав да го бодрам Ѓоковиќ, а потоа во петтиот сет Новак победи со 6:0 – радосно изјави Том.

Малиот Французин раскажа и што му рекол Новак кога дојде до него и го прегрна по исцрпувачкиот меч.

– Ми се обрати на крајот од мечот. „Три часот наутро е, треба да спиеш пријателе. Што правиш уште овде? Многу си млад“, ми рече тогаш Ноле. Ми рече да останам таму каде што сум. Се качи на ѕидот, ме прегрна, ми се заблагодари за поддршката и ме бакна во челото. Потоа ми подари маица, дуксер и капа со неговиот автограм – пресреќен е 9-годишниот фан на српскиот тенисер.

Новак Ѓоковиќ денеска (16 часот) го игра осминафиналниот меч на парискиот грен-слем, противник му е  Аргентинецот Франциско Серундоло.

Поврзани содржини