Треба да се сруши хибридниот режим

2,231

Работите по Зоки ќе останат исти ко пред Зоки, како што исти беа и за време на Зоки.

Треба да се сруши ДУИ, да се сруши хибриден режим, да се уништи ова криминално друштво и тендерско-коруптивна коалиција, која предизвикува смрт и несреќи, додека не знае за одговорност.






Разликата е што денес ДУИ е воскресната и уште помоќна и уште повеќе навлезена во секоја институција и во секоја пора од општеството.

Гнилиот систем во кој функционираат со секој македонски партнер е нормализиран, ослободен од секаква одговорност и контрола, издигнат над Уставот и законите, правдата и здравиот разум.

ВМРО е исто нормализирано и рехабилитирано и тоа повторно е заслуга на оваа власт.

Дури и последниот потег во ова неславно владеење му е повторно на штета на институциите, на штета на правната држава, еден мизерен пазар со цел да се купи некој месец власт повеќе.

Можеби единствено добро му е што со себе во падот ќе го повлече и својот партнер моторџија.

(ФБ статус на авторот)

Поврзани содржини