ТРЕБА ДА СЕ СЛУШНАТ И МЛАДИТЕ Арсовска вели тие имаат модерна визија за Скопје
На средбата се дискутираше отворено на сите теми и работи што им недостигаат во забавниот и културниот живот.
Независната кандидатка за градоначалник Данела Арсовска се сретна со младите луѓе и во разговор со нив, ги разменија размислувањата за Скопје, какво е сега а во каков град тие сакаат да живеат.
На вечерашната средба, во окружување што е типично нив во Градскиот парк тие отворено ги изнесоа своите разочарувања од моменталниот недостаток од културни и забавни содржини, сиромашна градска понуда од случувања и дека нивниот социјален живот во градот е маргинализиран, сведен на седенки во паркот.
– Градот ќе биде место каде ќе имате исполнета и среќна младост, со содржини и младински центри што ќе ви овозможат да се развивате, лично и професионално. Ќе има места каде ќе можете да се изразите, да се поврзете, дружите а истовремено и ќе учите и ќе се наградите со знаење. Ќе се овозможи заживување на културната, музичката и воопшто мултимедијалната сцена, наспроти сегашната зачмаеност, забавни содржини со интерактивен концепт, наспроти едноличната културна програма, отвореност на градот за современите и алтернативни културни движена и создавање услови каде и вие самите би можеле да се вклучите и ќе ја создавате оваа сцена во вашиот град. Заедно, со вас и вашите идеи ќе го создаваме современо и модерно Скопје – рече Арсовска на средбата.
На средбата се дискутираше отворено на сите теми и работи што им недостигаат во забавниот и културниот живот. Младите изнесуваа идеи како би можел да се смени и подобри со дополнителни содржини и истакнаа дека за создавање на модерно и современо Скопје, потребно е да се пристапи интердисциплинарно и да се вклучат сите форми на израз.