ТРЕБА ДА ОДИТЕ НА НЕЧИЈА МАТУРСКА? Како да изберете совршен подарок за матурантите?

Периодот на матурски прослави е период на среќа, љубов и подарување. Тоа е период кога се слават достигнувањата и животните пресвртници во животот. Токму затоа, овој период е совршен за да им покажете на најблиските колку ви значат со подарување внимателно избран подарок што ќе го паметат засекогаш.

44

Во екот на сезоната на матурски прослави, често се обидуваме да најдеме одговор на прашањето: Каков подарок да изберете за матура? Дали треба да биде уникатен, скап или практичен?

Ако е подарен од душа, сеедно е.






Во продолжение ќе прочитате неколку предлози за подароци со кои на идните матуранти ќе им покажете дека навистина ви значат.
Секогаш е добро да прошетате низ продавниците и трговските центри за да добиете инспирација, но уште подобро е кога имате стартна точка од која ќе започнете да го барате совршениот подарок за матура.
Некои подароци се безвременска класика. Речиси и не може да згрешите доколку изберете убаво парче накит што е соодветно на личноста на која сакате да ѝ го подарите. Тоа може да бидат модерни светкави обетки за идната матурантка или пак, внимателно избрана златна бразлетна за идниот матурант.

Ваквите подароци имаат моќна симболика и остануваат долго време со матурантите, потсетувајќи ги на личноста што им ги подарила или, пак, на моментот што го прославувале кога го добиле овој подарок.
Во целата еуфорија околу матурските прослави, понудата на креативни подароци станува уште поголема. А, dm дрогериите секогаш се местото каде што може да најдете инспирација, но и да ги искористите посебните понуди за да „уловите“ некој убав подарок со кој ќе ги изненадите вашите најмили. Одличен избор се колекциите шминки од реномираните брендови што се достапни во dm дрогериите, а дополнително може шминките да ги комбинирате и со миризлив парфем.

Дел од каталогот на dm се и брендираните колекции со производи за нега на кожата, гелови за туширање, балсами и дезодоранси, кои се полн погодок за секоја пригода, без оглед на тоа дали станува збор за познајник или за многу блиска личност.

Сепак, доколку и натаму сте неодлучни, секогаш може како подарок да изберете ваучер со одредена вредност од dm дрогериите. На тој начин, на среќните матуранти им давате можност самите да си го изберат подарокот што го посакуваат.

Ваучерите може да ги најдете во секоја dm дрогерија или, пак, да ги нарачате по телефон или преку е-пошта. Ваучерите се во вредност од 350, 500 или 1 000 денари и може да бидат искористени кога било, во која било dm дрогерија.

Периодот на матурски прослави е период на среќа, љубов и подарување. Тоа е период кога се слават достигнувањата и животните пресвртници во животот. Токму затоа, овој период е совршен за да им покажете на најблиските колку ви значат со подарување внимателно избран подарок што ќе го паметат засекогаш.

Поврзани содржини