ТРЕБА ДА МУ СЕ ОСТАВИ ПРОСТОР Јолевски очекува дека Абази ќе менаџира како во Гостивар
Од новиот шеф на ОЈО ГОКК очекуваме повеќе завршени предмети, вели претседателот на јавни обвинители, Антонио Јолевски.
Претседателот на јавни обвинители, Антонио Јолевски во „Топ Тема“ на „ТВ Телма“ кажа дека треба да му се даде простор на новоизбраниот шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Ислам Абази.
– Затоа ќе треба овој обвинител таму да менаџира како што работеше со обвинителството во Гостивар, и од неажурно да го направи ажурно обвинителство, во кое ќе постапуваат обвинителите, нормално и со негово учество. Затоа велам, треба да му оставиме простор, да видиме како ќе се покаже, бидејќи во гостиварското обвинителство имаше илјадници предмети, не стотици, па дојдоа до ситуација да го исчистат остатокот во неговиот период од 4 години, со нормално ангажирање на основните обвинители – вели Јолевски.