ТРЕБА ДА МУ ЈА ТУПОСАМ ЕДНА НА ДЕЧКОТО ОД ОБЕЗБЕДУВАЊЕ? Крмов од Левица збесна во Собранието

Вие раководите по книга, а не како вас ви се сака. Посебно не денес. Што треба да направам јас тука за да добијам права? Да застанам на говорница да искршам микрофони? Кога ќе дојде некој од обезбедување да му тупосам една? Оти ја не давам никој мене да ме пипне, рече пратеникот од Левица, Борислав Крмов.

16,669

Пратеникот на Левица, Борислав Крмов, денеска имаше нова расправија со претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Спикерот отвори гласање за дневен ред, а за тоа време Крмов бараше збор и стоеше на говорницата, одбивајќи да седне на своето место.






– Оди на место. Апасиев не беше тука, можеше да се пријавиш за процедурално додека тој не е тука. Овде не можеш да се тепаш – му рече Џафери на Крмов.

Пратеникот на Левица, пак, праша: „Овде тепаат само, така?“, а спикерот му возврати дека „не тепаме никого“.

– Со системот ви е потешко да правите злоупотреби, ама продолжувате. Системот ме покажа прв за процедурално со зелено, а за едно процедурално, терате обезбедување да интервенира. Јас треба да се тепам тука за моето право кое народот ми го дава, не вие. Вие раководите по книга, а не како вас ви се сака. Посебно не денес. Што треба да направам јас тука за да добијам права? Да застанам на говорница да искршам микрофони? Кога ќе дојде некој од обезбедување да му тупосам една? Оти ја не давам никој мене да ме пипне. Јас имам имунитет, пратеник сум, толку. И тука и надвор – рече Крмов.

Поврзани содржини