ТРЕБА ДА ИМ СЕ ИЗВИНИМЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ Бугарски писател вели дека направиле големи гревови кон нас ВИДЕО
Бугарскиот писател Стефан Цанев минатата недела говорејќи за односите на неговата земја со Македонија, пеизна дека тие имаат големи гревови кон соседната земја и оти е оправдата омразата на Македонците кон Бугарија.
На новинарското прашања на бугарската телевизија БНТ, дали тој верува дека нешто може да ја победи омразата која е на 100 километри од Софија, Цанев одговори:
– Стравувам да зборувам за темава затоа што е болна. Но има една максима: „При проблем меѓу двајца, ако отстапи послабиот, тоа е пораз. Ако отстапи посилниот, тоа е благородно“. Во Македонија има основа за омраза кон Бугарија – рече Цанев.
Според него, најлошто кое треба да го гледаме со отворени очи е она што, како што наведе, сме го правеле во 1943 година кога сме ја претставувале фашистичката власт на Германија.
– Тоа дека ние не сме учестувале во Втората светска војна со војска не е точно. Ние учестувавме во окупацијата на Балканскот полуостров со армија од 200.000 луѓе, а со 50.000 војници во Македонија – истакна Цанев.
На крајот од интервјуто Цанев рече:
„Има многу убиени. Сфаќате ли? Зборувам со многу болка. Но, не е во ред тоа да не биде… ова е главната причина. И можеби треба да се извиниме. Не знам како тоа да се случи“.