🎥 ТРЕБА ДА ГО ИНТЕРВЈУИРАТЕ РАЈАН ГОСЛИНГ, А СТЕ ЗАГЛАВИЛЕ ВО ПУСТИНА… „Дали имате помош на патот и доволно вода?“
И покрај тоа што ја промовираше својата претстојна научно-фантастична авантура „Project Hail Mary“, актерот Рајан Гослинг беше повеќе загрижен за новинарот заглавен покрај патот среде пустината.
Во „Project Hail Mary“, Рајан Гослинг игра неволен астронаут на мисија да ја спаси Земјата од тотална катастрофа. Во неодамнешното интервју, 45-годишниот актер е слично херојски настроен кон новинарот заглавен покрај патот.
Имено, репортерот на „Добро утро Чикаго“, Џејк Хамилтон, го започна своето интервју со Гослинг кое оттогаш стана вирално на Инстаграм – додека стоеше надвор, во пустината. Со оглед на тоа што интервјуто требаше да биде промоција на новиот филм на Гослинг, новинарот му постави прашање за оваа нова научно-фантастична авантура, но актерот го прекина и го праша дали му е потребно спасување.
– Дали имате помош на патот? – праша актерот кој има три номинации за Оскар, пред да се пошегува дека изгледа како Хамилтон да известува од внатрешноста на вулкан.
Всушност, Хамилтон бил на турнеја низ Големиот Кањон пред интервјуто со ѕвездата од филмот „Барби“, но, кога туристичкиот автобус се расипал, тој морал да импровизира.
– Очигледно, би направил сè за да не пропуштам интервју со тебе – му рече Хамилтон на Гослинг.
И така, Хамилтон се поставил покрај патот, со автомобили што поминуваа зад него и со другите патници во туристичкиот автобус во позадината. Со оглед на карпестата, вонземска позадина, се чинеше дека е совршена сцена да го прашаат Гослинг за филм каде што тој се здружува со вонземјанин со прекар „Роки“.
Но, Гослинг има поинаков филм на умот.
– Изгледаш како Том Круз во „Невозможна мисија“, забележа тој, споредувајќи го изгледот на Хамилтон со оној на Итан Хант во вториот дел од шпионската серија.
Меѓу прашањата за интервјуто, Гослинг полузагрижено, пиолу на шега го прашува Хамилтон дали има доволно залихи за да преживее, а исто така сугерира дека можеби ќе биде корисно да се тргне малку настрана. „
– Тоа може да стане грдо – вели тој.
Хамилтон му даде до знаење на Гослинг дека ќе биде сосема добро, бидејќи имал две основни работи за новинар во неговата ситуација: „Имам вода и имам производи за коса“.
Погледнете го ова необично интервју.
View this post on Instagram
Инаку, Project Hail Mary го означува враќањето на Гослинг во вселената по филмот First Man (Првиот човек) од 2018 година. Погледнете го трејлерот за овој нов филм на Гослинг кој излегува во кината на 20 март.