ТРЕБА АНАЛИЗА ДАЛИ ДАВА РЕЗУЛТАТ ЗАБРАНАТА НА МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ ПРИ НАСТАВАТА Наставникот може да одлучи да се користат уредите
Согласна сум дека кога кај учениците нема мобилни телефони повеќе ќе се фокусираат на знаењето, но, во ова денешно време може да има и потреба од употреба на такви уреди и при наставата, а одлуката за тоа ја носи наставникот, кој е носител на образовната дејност во училницата, вели министерката за образование и наука, Весна Јаневска.
Треба да се направи анализа дали одземањето на телефоните од учениците за време на часовите дава резултати, вели министерката за образование и наука, Весна Јаневска.
– Согласна сум дека кога кај учениците нема мобилни телефони повеќе ќе се фокусираат на знаењето. Училиштата се под ингеренции на општините и општините заедно со менаџерите на училиштата заеднички ја носат таа одлука – рече Јаневска.
Сепак, додаде таа, употребата на такви уреди може и да е потреба за време на наставата, а за тоа треба да одлучи наставникот.
– Секако, во ова денешно време може да има и потреба од употреба на такви уреди и при наставата. Па, оттука, наставникот, кој е носител на образовната дејност во училницата, ќе одлучи дали децата во тој момент ќе ги користат или нема да ги користат телефоните – додаде Јаневска.
Општините Аеродром и Центар воведоа забрани за употреба на мобилни телефони за време на наставата. Од Аеродром образложија дека целта е заштита на децата од несоодветни, непристојни, па дури и опасни содржини што секојдневно се шират по одредени социјални мрежи.