ТРАОРНА ТИШИНА НА „СКЕНДЕРБЕГ“ Посмртните останки пречекани од државниот врв

Посмртните останки на загинатите пристигнаа претпладнево на Меѓународниот аеродром „Скопје,“ со два воено-транспортни авиона од Бугарија.

1,593

На плоштадот „Скендербег“ во Скопје се поставени венци пред кои граѓаните можат да им оддадат почит на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија.

Посмртните останки на загинатите пристигнаа претпладнево на Меѓународниот аеродром „Скопје,“ со два воено-транспортни авиона од Бугарија. Полетувањето на авионите беше пролонгирано поради лошите временски услови во Софија.






Останките беа пречекани од висока државна делегација, предводена од претседателот на државата Стево Пендаровски, заедно со претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, првиот вицепремиер Артан Груби, вицепремиерот Љупчо Николовски, министрите Бујар Османи, Фатмир Бесими, Крешник Бектеши, Насер Нуредини, Јагода Шахпаска и Благој Бочварски, пратеници, како и поглаварот на Исламската верска заедница.

Поврзани содржини