ТРАНСРОДНАТА ЌЕРКА НА ИЛОН МАСК ДЕБИТИРАШЕ НА МОДНАТА НЕДЕЛА ВО ЊУЈОРК Убавата Вивијан ги остварува своите соништа

За 21-годишната Вивијан Вилсон, трансродовата ќерка на Илон Маск, ова беше прво појавување на Неделата на модата во Њујорк

625

Вивијан Вилсон, ќерка на Елон Маск и Џастин Вилсон, прошета по својата прва модна писта во колекцијата пролет/лето 2026 на Алексис Битар на Неделата на модата во Њујорк на 12 септември.

Први чекори на големата сцена






За 21-годишната Вивијан, ова беше нејзино прво појавување на Неделата на модата во Њујорк. Ревијата на Алексис Битар, наречена „МИС САД 1991: Сон во секвенци“, се одржала во уметничкиот центар Абронс во Њујорк. Вивијан носела блескав, долг црвен фустан и сатенска лента на која пишувало: „Мис Јужна Каролина“.

„Никогаш во животот не сум била во оваа сојузна држава“, се пошегува Вивијан за списанието „Nylon“, додавајќи: „Ова ми е прва ревија, малку сум нервозна, но добро се подготвив и спиев осум часа“.

Пораката на колекцијата

Вивијан зборуваше за значењето на шоуто: „Државите што ги претставуваме се оние во кои сега се одземаат правата на транс лицата“. Другите модели ги претставувале Западна Вирџинија, Флорида, Јута, Тенеси, Алабама и Луизијана.

– Пораката е дека сите мора да се спротивставиме на ова. Модата и уметноста се одличен начин да се направи тоа, изјавила Вивијан за Nylon.

Алексис Битар рекол за колекцијата: „Ова е приказна за мизогинија, неконтролирани предатори, објективизација и транс права“, истакнувајќи дека колекцијата има „силно чувство на надреализам“. Тој бил инспириран од филмови како Blue Velvet, Carrie и The Virgin Suicides, а моделите носеле облека инспирирана од натпреварите за убавина од 1990-тите.

– Фала што ми веруваше, @vivllainous, и што ме почести со твојот прв настап како Мис Јужна Каролина, напиша Битар во заедничка објава на Инстаграм.

„Мис Јужна Каролина“ – улога со став

Вивијан го опиша својот лик на Мис Јужна Каролина како „злобна и жилава девојка“. „Моето срце е црно како бездната, па морам да ја активирам, знаете, мојата злоба“, се пошегувала таа.

Покрај главниот настап, Вивијан сподели и снимки од зад сцената на Инстаграм, по нејзиниот прв настап. Таа напиша до селфито по настапот: „Првиот настап заврши, одлично чувство“, а подоцна додаде: „Едно шоу зад нас!“

Година на први искуства

Оваа година беше полна со уникатни искуства за Вивијан. Порано ова лето, во Лос Анџелес, таа го имаше своето деби како Вивлајноус, облечена во тесно црно боди, футуристичка шминка и држејќи знаме на транс гордоста за време на Pattie Gonia Presents SAVE HER! – An Environmental Drag Show на 13 јуни.

Вивијан, исто така, објавила дека планира да се врати на колеџ оваа есен за да продолжи со студиите по странски јазици, иако призна за The Cut дека „колеџот е скап“ и дека „нема такво наследство“.

Порано оваа година, во интервју за „Teen Vogue“, Вивијан отворено зборуваше за својот идентитет и различните реакции на нејзините родители на нејзиното откривање како трансродова личност. Таа откри дека нејзината мајка ја поддржувала, додека нејзиниот татко, Илон Маск, кој во тоа време бил во конфликт со неа, реагирал помалку поддржувачки.

Која е Вивијан?

Вивијан е родена како Ксавиер, заедно со нејзиниот брат близнак Грифин во 2004 година во Калифорнија. Сите деца на Маск посетувале екстремно скапо училиште Санта Моника, каде што школарината може да достигне до 50.000 долари годишно. Иако тој потрошил стотици илјади долари за неа и образованието на нејзините браќа и сестри, двајцата наводно не се блиски. Таа открива во пораките дека со години го криела својот вистински родов идентитет од својот татко. Маск, исто така, јавно ги критикуваше нејзините политички ставови, тврдејќи дека таа верува дека сите богати луѓе се зли.
Поврзани содржини