Трансродната ќерка на Анџелина и Бред ги напушта родителите и оди во нов дом

1,993

Иако странските медиуми пишуваа дека најстарото биолошко дете на поранешните сопружници Анџелина Џоли (45) и Бред Пит (56), 14-годишната Шајло ќе живее со татка си, таа информација, сепак, не е точна.

Имено, магазинот „New Idea“, пишува дека Шајло ќе ги напушти своите родители, а ќе започне самостоен живот.






Како што открил неименуван извор за спомнатиот медиум, Шајло е изморена од тоа да глуми миротворец на сопствените родители кои, ниту четири години по разводот, сè уште не се договориле околу старателство над нивните шест заеднички деца. Поради ова, Шајло одлучила да живее со нејзините дедо и баба, родителите на нејзиниот татко во Спрингфилд, Мисури.

– Шајло копнее по нормален живот, а нејзините баба и дедо сигурно ќе ја прифатат со раширени раце. Нејзе ѝ треба цврст карактер во воспитувањето и кај нив тоа и ќе го има – раскажал изворот, додавајќи дека на Анџелина воопшто не ѝ се допаѓа таа идеја.

Бред, од друга страна, ја поддржува ќерка си, затоа што смета дека Шајло би требало барем да добие шанса да го помине летниот одмор со баба ѝ и дедо ѝ.

 

Поврзани содржини