ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈА И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА, СПОРТ ДОБИВА РЕСОР Мицкоски ги објави новостите во Владата и министерствата

Надлежностите за рударството и енергетиката ќе бидат во надлежност на Министерството за рударство, енергетика и минерални суровини. Министерството за култура ќе стане Министерство за култура и туризам. Новоформирано Министерството за дигитализација ќе ги наследи надлежностите на досегашното Министерство за информатика, а ќе има и ново Министерство за администрација – рече Мицкоски.

676

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден мандатар, Христијан Мицкоски, го поднесе до Собранието предлог-законот за реорганизација на определен број министерства. Мицкоски пред медиумите истакна дека е предвидено Министерство за економија и труд, кое според него, ќе биде Министерство кои ги опфаќа дел од ингеренциите од старото министерство, на кој е додаден и сегментот труд за да можат работодавците и работниците да бидат во едно место.

Според него, Министерството за социјална политика и труд ќе биде Министерство за социјална политика, демографија и млади. Агенцијата за млади и спорт нема повеќе да постои и ќе има посебно Министерство за спорт.






Досегашните надлежности на Министерството за економија во делот на рударството и енергетиката, ќе бидат дел од новото Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини. Делот од ингеренциите кои ги имаше Министерството за економија, во делот на туризмот, ќе бидат присоединети кон новото Министерство за култура и туризам.

– Ново министерство ќе биде и Министерството за администрација – најави Мицкоски на прес-конференција во Собранието.

Тој потенцираше дека пред изборите кои поминаа ветиле функционална држава, ефикасна влада која ќе спроведе реформи и ќе го подобри животот на сите граѓани.

– Причините поради кои граѓаните ни ја дадоа поддршката на изборите се политиките кои треба да ги преземе идната влада и да ги реализира. Треба да донесе владеење на правото, сите кои се огрешиле пред законот да одговараат. Да нема повеќе малкумина граѓани од прв ред и многумина од втор и понизок ред. Да донесеме реформи во економијата, да го подобриме стандардот, условите во образованието – рече Мицкоски.

Тој додаде дека за сето ова што е ветено да се реализира потребна е добра организација на владата. Па поради тоа врз основа на членот 71 став 1 од Уставот и членовите 139, 144 и 175 од собранискиот деловник, идниот мандатар денеска поднесе предлог на закон за измените на Законот за организација на работата на органите на државната управа по скратена постапка.

– Поднесувам предлог на Закон за измена на Законот за организација и работа на органите на државната управа. Ја барам поддршката на сите пратеници, без разлика на партиите. А легитимитетот го темелам врз основа на изборните резултати на ВМРО-ДПМНЕ и професорката Гордана Сиљановска-Давкова. Легитимитетот е јасен, кредибилитетот и легалитетот исто. Ова беше изборно ветување, идентично на она дека идната Влада, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја прави со опозициските партии, а денес се дел од владиното мнозинство – рече Мицкоски.

Тој објасни што опфаќа законот.

– Со овој закон се предвидува да бидат формирани или реорганизирани определен број министерства во Владата и тоа: Министерството за економија и труд ќе биде министерство кое ќе опфаќа дел од ингеренциите на старото Министерство за економија и ќе му се додаде „труд“ за работодавците да можат на едно место да ги реализираат своите обврски, дијалог итн. Агенцијата за млади и спорт нема да постои туку ќе има Министерство за спорт. Надлежностите за рударството и енергетиката ќе бидат во надлежност на Министерството за рударство, енергетика и минерални суровини. Министерството за култура ќе стане Министерство за култура и туризам. Новоформираното Министерството за дигитализација ќе ги наследи надлежностите на досегашното Министерство за информатика, а ќе има и ново Министерство за администрација – рече Мицкоски.

Поврзани содржини