Трамп заедно со Тунберг, Навални и СЗО предложен за Нобелова награда за мир
Меѓу номинираните се и Светлана Тихановскаја, Марија Колесникова и Вероника Цепкало, три Белорусинки истакнати во борбата за слободни избори
Aктивистката против климатските промени Грета Тунберг, рускиот опозиционер Алексеј Навални и Светската здравствена организација (СЗО)се дел од кандидатите номинирани од норвешките пратеници за овогодинешната Нобелова награда за мир. Номинациите се поднесуваат до денеска а добитниците ќе се знаат во октомври.
Меѓу номинираните се и поранешниот американски претседател Доналд Трамп, Светлана Тихановскаја, Марија Колесникова и Вероника Цепкало, три Белорусинки истакнати во борбата за слободни избори преку мирен отпор како и Северноатлантската алијанса (НАТО) и Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР). Номинациите се поднесуваат до денеска а добитниците ќе се знаат во октомври.
Норвешкиот комитет за доделување на Нобелова награда, кој одлучува за добитникот, не ги коментира номинациите, чувајќи ги 50 години во тајност имињата на предлагачите и имињата на неуспешните кандидати.