ТРАМП ВОВЕДЕ КАЗНЕНИ ЦАРИНИ ЗА „ТЕМУ“ И „ШЕИН“ Еве колку ќе ги чини Американците производот примен по пошта

Вашингтон тврди дека одредени кинески компании го злоупотребувале повластениот режим за да испраќаат нелегални материи, како хемиски прекурзори за синтетички дроги, вклучувајќи фентанил.

121

САД од денеска воведуваат казнени царини за мали пратки од Кина и Хонгконг, особено оние што содржат евтина облека од гигантите за онлајн-продажба „Шеин“ и „Тему“.

Новата мерка, дел од тековната трговска војна меѓу двете економски сили, со што се укинува досегашното ослободување од царина за пратки во вредност до 800 долари. Тоа ослободување им овозможи на кинеските е-комерц компании експанзија на американскиот пазар.






Според Белата куќа, досега секојдневно во САД влегувале над четири милиони пратки што биле ослободени од царина. Со новата политика, пратките испратени преку приватни курири, како ФедЕкс и Ју-Пи-Ес, ќе бидат предмет на царина од 145%. За оние што се испраќаат преку поштенски услуги, ќе се применува царина од  120%, односно најмалку 100 долари, а од 1 јуни и 200 долари.

Вашингтон тврди дека одредени кинески компании го злоупотребувале повластениот режим за да испраќаат нелегални материи, како хемиски прекурзори за синтетички дроги, вклучувајќи фентанил.

Минатата недела Франција предложи слична мерка – т.н. такса за управување со мали пратки надвор од ЕУ, што би се применувала од 2026 до 2028 година, со можност за укинување на царинското ослободување за пратки до 150 евра.

Поврзани содржини