ТРАМП ВО ЖИВО ОД СУДНИЦА Судскиот процес како реално шоу

Трамп беше обвинет од Канцеларијата на окружниот обвинител на округот Фалтон за наводен обид да ги поништи резултатите од претседателските избори во Џорџија во 2020 година.

302

Целиот судски процес во случајот против поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, ќе се пренесуваат во живо, објави вчера судијата Скот Мекафи.

Тој додаде дека ќе биде направен преседан бидејќи сите рочишта ќе бидат емитувани на каналот на судот на Јутјуб, пишува Гардијан.






Како невообичаена практика досега, во овој судски процес на медиумските екипи ќе им биде дозволено да користат компјутери и мобилни телефони во судницата, но не и за снимање.

Трамп беше обвинет од Канцеларијата на окружниот обвинител на округот Фалтон за наводен обид да ги поништи резултатите од претседателските избори во Џорџија во 2020 година.

Поранешниот американски претседател се изјасни како невин и тврди дека процесот бил политички мотивиран.

Процесот ќе емитува и на официјалниот Јутјуб канал на судијата Скот Мекафи, на следниот линк.

Поврзани содржини