Трамп во обраќање замоли да нема насилства
Тој исто така ги повика „големите технолошки компании“ како Фејсбук и Твитер да помогнат во „мирната транзиција на власта“ следната недела.
Во своето најново обраќање до нацијата преку Фокс њуз, американскиот претседател Доналд Трамп рече дека тој не стои зад нападот врз Конгресот минатата недела и ги повика Американците да ги смират страстите, во време кога Претставничкиот дом расправа за негово отповикување.
– Во светло на извештаите за нови демонстрации, ве молам, не вршете никакво насилство, какво било кршење на законот или вандализам од каков било вид.Тоа е нешто за што никогаш не сум се залагал, ниту Америка. Ги повикувам сите Американци да помогнат во смирување на страстите и тензиите. Ви благодарам – рече Трамп, пренесува „Индипендент“.
Тој исто така ги повика „големите технолошки компании“ како Фејсбук и Твитер да помогнат во „мирната транзиција на власта“ следната недела.