Трамп вети мирна транзиција на власта

Иако ова претставува крај на најголемиот прв мандат во претседателската историја, тоа е само почеток на нашата борба за Америка повторно да ја направиме голема, посочи актуелниот претседател на САД.

795

Актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп откако Конгресот ја потврди победата на Џо Бајден на претседателските избори, изјави дека транзицијата на власта на 20 јануари ќе биде во согласност со прописите.

Трамп истакна дека одлуката на Конгресот „претставува крај“ на „најголемиот прв мандат“ во претседателската историја.






– Иако воопшто не сум согласен со исходот од изборите и фактот дека ме поддржуваат, сепак ќе има уредна транзиција на 20 јануари – истакна Трамп.

Тој додаде дека секогаш зборувал дека ќе продолжи борбата за да се осигура дека се бројат само легални гласови.

– Иако ова претставува крај на најголемиот прв мандат во претседателската историја, тоа е само почеток на нашата борба за Америка повторно да ја направиме голема – посочи Трамп.

Поврзани содржини