Американскиот претседател Доналд Трамп, кој минатиот викенд беше во болница поради Ковид-19, е подготвен за работа и наскоро ќе знае дали е можно да почне изборна кампања в сабота и недела.Тоа го изјави портпаролката на Белата куќа, Кејли Мекенај.
– Се обидуваме да се усогласиме со претседателот, кој е подготвен да оди на патувања, тој е подготвен да им се обрати на луѓето веднаш штом добие зелено светло од лекарите – изјави Мекени за Фокс Њуз.
Трамп тврди дека веќе некое време се чувствува добро, но мора да почека за одобрување од лекари.
– Направени се медицински тестови и ако се оди добро, тоа ќе биде доказ дека Трамп нема да може да го пренесе коронавирусот – додаде портпаролката на Белата куќа.