Трамп уште еднаш претседателски кандидат

Трамп очекувано победи и во двете држави и во моментов ја има поддршката на 1.301 делегат.

314

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп вчера ја обезбеди поддршката на доволен број делегати за да биде истакнат за кандидат на Републиканската партија на претстојните претседателски избори во ноември. Ова го покажува преборјувањето на телевизијата Си-Ен-ЕН по вчерашните првични избори во државите Илиноис и Флорида.

Трамп очекувано победи и во двете држави и во моментов ја има поддршката на 1.301 делегат.
За номинирањето за кандидат од Републиканската партија на конгесот, што ќе се оддржи од 24 до 27 август во градот Шарлот, во сојузната држава Северна Каролина, неопходни му се гласовите на 1.276 од вкупно 2.441 делегати, делегирани како резултат на собранијата на партиските членови (кокуси) и првичните избори.






Претседателските избори во САД, 59-ти по ред, ќе се оддржат на 3 ноември.

Поврзани содржини