Трамп упати порака до демонстрантите: Знам како се чувствувате, но одете дома!
Одете дома, знам како се чувствувате, но останете смирени и одете дома - порача Трамп.
Претседателот на САД во заминување Доналд Трамп се обрати на нацијата веднаш откако неговиот наследник Џо Бајден го прозва да излезе и да ги смири протестите.
– Знаеме дека имаше измама, но време е да си одите дома. Ова беа лажирани избори, но мора да го зачуваме мирот. Одете дома, знам како се чувствувате, но останете смирени и одете дома – порача Трамп.